Зеколи: Мендух и Али, Никола и Саша ве имаат ставено во шише вас лично, не Албанците

Од:

Арсим Зеколи на својот ФБ профил пишува за однесувањето на ДУИ и ДПА.

Еве што напиша Зеколи:

961802_453425614829199_416975597_n

Едноставно одвратна е тековната славеничка дволичност на ДУИ за сервилноста на Мендух кон Сашо Мијалков. Дури би кажал дека цинизмот на ДУИ-стите го нaдминува резилот на ДПА.

Синоќешната снимка е само потврда за веќе познатиот однос на г. Тачи. Но, доколку ги земеме предвид сите околности, слуганската покорност на Муса Џафери е двојно посрамна од онаа на Мендух Тачи.

Мендух синоќа ја заврши својта кариера како и секој политичар неспособен да разбере кој е моментон кога треба да стапне и која кога треба да се симне од политичката сцена.

Но,кога вториот од политичката и извршна хиерархија на ДУИ ја освојува влaста преку војна во која се убиени стотици албанци и македонци, внесува непремостлива омраза помеѓу двете заедници само за да биде на власт, кога овој човек – Муса Џафери – се простира сервилно пред Шефот на Службите и без трунка срам договара анти-демократски договори, не е потребно да сте премногу паметни за да разберете дека криминалот и сервилноста на ДУИ е барем седум пати поголема од онаа на ДПА.

Затоа, пред да се клештат за глупавостите на Мендух, нека повели Али Ахмети и неговите арамии и нека ни објасни зошто повикаа на војна помеѓу два народа заради криминогена љубов со нивните мафијашки партнери од ВМРО-ДПМНЕ?

Мендух својата кариера и богатство го потпиша во прљави бои, но Муса и ДУИ своите кариери и богатства ги потпишуваат сеуште со крвта на убиените луѓе. Затоа гневот и осудата кон нив мора да биде многу посуров. Мендух даде гаранции за својата послушност “со смрт” своја. Муса и ДУИ да не заборават – онакако како што ни ние нема да заборавиме – дека власта и богатството го имаа стекнато “со смрт”на другите.

И колку за потсетување за Мендух и Али: Никола и Саша ве имаат ставено во шише вас лично, не Албанците.

Никогаш Албанците.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда