(ВИДЕО) Зеќири: Не го навредив Џафери, нека не ја префрла одговорноста

Од:

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири ги отфрла обвинувањата дека тој е виновен што не се гласало за одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски. Тврди дека не упатил навреди кон Џафери.

„Побарав да го прочита заклучокот за да гласаме пред полноќ“, рече Зеќири.

Додаде дека немало ситуација која предизвикала потреба од прекинување на седницата.

„Тој е искусен пратеник, знае да менаџира и со потензични седници“, рече Зеќири за Џафери и додаде дека одговорноста не треба да ја префрла на други.

Дали Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ , праша Зеќири, а во врска со идејата за поднесување интерпелација за собранискиот спикер рече дека дополнително ќе одлучуваат во пратеничката група.

Тој претхоно преку „Фејсбук“ побара одговор зошто Џафери и ДУИ го спасиле Вељаноски.

Галена Николовска-Ризвановиќ 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година