Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Од:

Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимоски, и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, почнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот и министрите.

На дневен ред на 85. седница се предлог-одлуката за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експертите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Пратениците ја утврдија потребата за носење предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, со кој се предвидува продолжување на рокот за дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти, односно законот да важи до 3 март 2031 година.

Во прво читање се предлог-законот за органско земјоделско производство и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија.

На дневен ред на седницата е и предлог-резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието