Зекири: Кога Груби и Алими зборуваат за правда, отидена е работата по ѓаволите

Од:

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири реагираше на ставот на пратеничката група на ДУИ дека Упадот во ИВЗ и казните за случајот Саздовски се селективна правда.

-Жал ми е што не сум во Собрание денеска. Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите!

Нека се сетат кој заедно со “началникот” поставуваше судии-нивните Муса Џафери и Блерим Беџети…

А ИВЗ е посебна приказна, како што бива криминалци си бранат криминалци.

Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна и е обид да бараат изговори зошто не можат да испорачаат тоа што ветиле на изборите. Среќа што луѓето одамна не им веруваат ниту ним, ниту на РЕЗИЛИТЕ ОД ИВЗ, напиша на Фејсбук, Мухамед Зекири.

Оваа реакција доаѓа откако пратениците на ДУИ на денешната седница на која требаше да се прегласуваат вратените закони од претседателот Ѓорге Иванов побараа законот за судски совет да биде ставен како прв член на дневниот ред бидејќи според нив во државата постои селективна правда и потребни се реформи во судството. Тоа го кажа Артан Грби, пратеникот на ДУИ кој ги посочи како примери за селективна правда и случаевите на Сопот и Монструм.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански