Зекири до Заев: Дали ќе се постави Панчевски за обвинител, кој е се освен симоним за правда?

Од:

„Брилијантен предлог имаме од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, Владимир Панчевски да се постави за јавен обвинител, човек кој е се освен синоним за правда, човек кој е разрешен, човек кој рачно ги делеше предметите на СЈО кај подобри судии. Дали е дојдено време да се исполни вашето ветување?“, го праша премиерот Заев, пратеникот Мухамед Зекири потсетувајќи го дека тој ветуваше јавниот обвинител да се бира по предлог на опозцијата.

Премиерот Заев упати низa критики за предлогот јавен обвинител да биде поставен Владимир Панчевски и додаде дека ако даде можност на опозијата да прелага јавен обвинител може да очекува да го преложат и Груевски.

„Да го предложите Панчевски, човек кој буквално во цел мандат ги давал предметите на стриктно избрани судии, човек кој има вакво минато и за кој Судскиот совет тоа го утврдил, сега да го предложите за јавен обвинител. Ако им дадам да го предложат јавниот обвинител, тие ќе го предложат и Никола Груевски“, одговори Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Судењето на Зеќири вратено на почеток

Ана Ололовска

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов