Зечевиќ не се тестирал на 19 јануари, објасни директорката Бухова по обвинувањата дека и тој на Водици заразен го ширел вирусот

Од:

По тврдењата на ВМРО – ДПМНЕ дека генералниот секретар Миле Зечевиќ позитивен на Ковид – 19, без маска го ширел вирусот на Водици во Охрид, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова објасни дека тој не се тестирал на 19 јануари.

„Зечевиќ не е во системот на тестирани лица на 19 јануари. Законот е јасен и важи за сите“, вели директорката Сотирова – Бухова.

По изјавата на директорката Бухова, ВМРО – ДПМНЕ побара таа да не дава политички изјави и да го покаже резултатот на Зечевиќ и остана на ставот дека тој позитивен на Водици во Охрид ширел корона поради што институциите треба да му се поднесат кривична пријава.

Секретарот Зечевиќ, неколкупати досега јавно кажа дека се тестирал по прославата на Водици во Охрид и добил позитивен резултат.

ВМРО – ДПМНЕ, пак, побара институциите да не го затксриваат однесувањето на Зечевиќ фингирајќи случај против градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Тој се тестирал за Ковид – 19 за да оди на зимување и без да се самоизолира додека го чека резултатот, како што пропишува Уредбата од 2020 година која се уште е на сила, излегол на прославата на Водици, одел в црква и имал низа состаноци, а попладнето ги добил резултатите во кои стоело дека е позитивен на Ковид – 19. Следниот ден, како што самиот тврдеше за „А1он“ направил уште еден тест во истата лабораторија и резултатот бил негативен па затоа барал да му се укине одредената изолација по позитивниот тест.

Државниот санитарен инспекторат соопшти дека градоначалникот не смеел да шета откако се тестирал туку требало да се самоизолира додека го добие резултатот, а по резултатот добил и решение за изолација, кое како што самиот изјави, го почитувал.

МВР го разгледува случајот со градоначалникот за да се утврди каква казна му следува.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ по повод Свети Сава

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он

Петровска: Присуство на наш претставник на конвенцијата на Нова Алтернатива е политичка култура, тоа не значи коалицирање или соработка