Здружението на правници Роми ќе биде на располагање на жртвите од „Јавна соба“

Од:

Здружението на правници Роми одлучи доброволно и без никаков паричен надомест, да ги стави на располагање своите правни ресусни капацитети во интерес на жртвите од случајот Јавна Соба.

Здружението информира дека оваа одлука доаѓа по објавената сторија на една од жртвите на ,,Јавна Соба’’, во која девојка одлучи јавно да зборува за нејзиниот случај на онлајн злоупотреба и со тоа да помогне да се подигне свеста на јавноста за овој проблем.

-Јавно ги повикуваме сите жртви на „Јавна Соба’“, вклучително и жртвата која јавно истапи во врска со нејзиниот случај на злоупотреба, бесплатно да ни се обратат за правен совет и поддршка за пријавување на постапките пред надлежните институции, стои во соопштението.

Како што потенцираат отттаму, целта на оваа одлука е да обезбедат целосно уживање на правата на жртвите и правна заштита.

-Во интерес на јавното добро, организација доброволно и целосно бесплатно се става во правна функција на жртвите од „Јавна Соба“. Информации за контакт се [email protected] или Facebook страна – Roma Lawyers Association, порачуваат од здружението.

Инаку, здружението на правници Роми е независна непрофитна асоцијација формирана во 2015 година и го застапуваат правниот интерес на ромската заедница.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска