А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здружение „Заедно посилни“ по повод Светски ден на борба против Сида: Епидемијата на ХИВ сè уште активен проблем на јавното здравје

by А1он01/12/2020 - 08:27543
Share0

Интензивниот фокус на пандемијата на Ковид-19, не смее да ги намали напорите да се справиме со епидемијата на ХИВ, која сè уште е активен проблем на јавното здравје во државава и на луѓето засегнати од овој вирус, соопшти Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ по повод 1 декември, Светски ден на борба против Сида.

Добивај вести на вибер

Во согласност со насоките на Светската здравствена организација, посочуваат од Здружението, земјите мора да осигураат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон Ковид-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.

Од Здружението се загрижени поради фактот дека годинава е значително намалена стапката на новооткриени случаи на ХИВ и досега изнесува помалку од половина од бројот на откриени случаи минатата година. Според Здружението, тоа може да се објасни со кризната состојба, но не смее да се занемари.

– Неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ кои го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија. Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапија да се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве три години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година, додаваат од Здружението и изразуваат почит кон сите здравствени работници и соработници вклучени во одговорот кон Ковид-19.

hivsida

Би можело да ве интересира

Годинава има 38 новозаболени од ХИВ/СИДА во Македонија

Горан Наумовски30/11/2025 - 11:07

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Горан Наумовски06/12/2024 - 12:15

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on20/03/2024 - 14:31

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

Предраг Петровиќ19/11/2023 - 13:05

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он18/09/2023 - 13:4518/09/2023 - 13:50

Европската недела на тестирање за ХИВ: Секој ден тестирање во Младинскиот центар на ХЕРА со брзи ХИВ тестови

Ана Ололовска22/11/2021 - 11:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен