Здружение ЕСЕ: Ромите се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население

Од:

Ромите во државава се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Имено, новороденечката смртност меѓу Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50 отсто од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23 отсто кај останатото население, соопштија од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

dobivaj vesti na viber

Посочуваат дека во врска со пристапот до здравствена заштита, со посебен фокус на репродуктивното здравје на жените и здравјето на мајките и децата детектирале проблеми кои се однесуваат на тоа дека во општината Шуто Оризари 46 отсто од жените Ромки немаат избрано матичен гинеколог, пред се поради фактот што во општината имаше само еден матичен гинеколог, кој потоа замина од општината, а останатите матични гинеколози се наоѓаат во другите општини и жените треба да се изложат на дополнителни трошоци и да одвојат повеќе време за да ги посетат.

Само 31 отсто од жените Ромки биле да направат превентивен гинеколошки преглед во изминатите 12 месеци. Останатите жени прават превентивни прегледи поретко, или воопшто не одат на превентивни прегледи, туку посетуваат гинеколог за време на бременост или кога имаат здравствени проблеми, што претставува сериозен ризик фактор по однос на репродуктивното и целокупното здравје на жените. Само два отсто од жените Ромки од таа општина направиле ПАП тест според оваа програма, а само четири жени добиле покана да направат мамографски преглед. Слични проблеми се детектирани и во општините Делчево, Виница и во пехчевското село Црник, информираат од Здружението.

Истакнуваат дека жените Ромки последното породување го извршиле во здравствена установа, меѓутоа 22 отсто од жените изразуваат одреден степен на незадоволство од добиените здравствени услуги за време на породувањето.

-Девет отсто од новородените не биле однесени на здравствена контрола во првите шест месеци од животот, што се должи на отсуство на здравствена информација и едукација во ромските заедници, по однос на здравјето и грижата на новороденчињата и доенчињата. Дваесет отсто од новородените воопшто не биле посетени од патронажна сестра во првите 12 месеци од животот, додаваат од Здружението ЕСЕ.

Би можело да ве интересира

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Истражување: Над 90 отсто од Ромите не поднесуваат жалба на добиено негативно решение поради недоверба во институциите

А1он

ЗПР ги осудува барањата на полицискиот синдикат од Битола и говорот на омраза во медиумите кон Ромите

Ана Ололовска

Ромите се поранливи на кризата предизвикана од COVID-19 што ни ја покажа потребата од активно вклучување на заедницата при заштита од кризни состојби

А1он

ВИДЕО: Меморандуми за соработка за два проекта за поддршка на Ромите во земјава

Ана Ололовска