Здружена опозиција: Без прочистен список, нема фер и регуларни избори

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,и генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска се сретна со партнерите од здружената опозиција.

СДСМ и коалициските партнери едногласно заклучија дека се подготвени за избори во секој момент на коишто постои цврста убеденост дека промени ќе се случат, но дека обврска на сите институции и политички субјекти е во Република Македонија да се спроведат фер и регуларни избори.

Zaev so partneri2

Без прочистен Избирачки список не може да бидат организирани и спроведени фер и регуларни избори. Оттука СДСМ и коалициските партнери очекуваат реална оценка од Државната изборна комисија којашто ја има одговорноста за доверлив Избирачки список.

СДСМ и коалициските партери потсетуваат дека неколку изборни циклуси по ред во Република Македонија се спроведуваат нерегуларни избори, на коишто не се почитува изборната волја на граѓаните на Република Македонија, што нанесува непоправливи штети како на граѓаните така и на интеграциите на државата на меѓународен план.

Zaev so partneri3

Од 2011 година кога беше апсењето на Љубе Бошковски и затворањето на А1 телевизија, рушењето на Космос, насилното исфрлање на новинарите и пратениците од Парламентот во 2012 година, изнуденото одење на избори 2013 година, од проектот Вистината за Македонија и се што следуваше потоа, јавноста се увери дека се случувала вистинска изборна кланица, вклучувајки ја и кулминацијата на изборните измами и нерегуларности во 2014 година, поради што опозицијата не ги призна изборите.

Уште едни нерегуларни и недемократски избори во Македонија нема да се случат. Опозицијата останува гарант на ваквите заложби, соопштуваат СДСМ и Здружената опозиција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски