Здраво Недела, збогум Никола

Од:

Ви простувам за целата агресивност, не Ви се лутам за навредите кои ги упатувавте кон сите кои бевме против режимот. За тоа добивавте работни места, решававте сериозни лични судбини во оваа несериозна земја. Ве разбирам, не беше лесно да имаш крената глава кога над глава Ви висеа заканите, кредитите, желудникот. Нема да напишам одвратни пораки од типот “готово е вмроовчиња”!, затоа што јас не Ве поимам така. Овие седум години откако сум во политиката, сведок сум низ што се* поминувате и Вие. Честопати приморани, честопати без желба, честопати изманипулирани, искористени, разочарани. Се* беше за врхушката и тајфата.

Сакам на ќерка ми Софија да и* кажам дека нитy една битка не е лесна. Мора да знае дека ДПМНЕ е расадник на чесни луѓе со чесни идеолошки пориви. Овие другиве се исклучоци кои го потврдуваат правилото. Мила, за Tебе има надеж, за Tвојата генерација. Веројатно ќе живеете во една поинаква Македонија.Сакам да знеш дека нивата од прадедо ти според власта вреди повеќе од нејзината реална вредност. Им ја поклонував но не ја прифатија. Чувај ја како спомен за битката што сме ја воделе. Сакам да знеш дека не потклекнав. Сакам да знеш дека не можев да најдам адвокат кој ќе ме брани.

Јас не тужев никого. Така одлучив. Не само што не верував во институциите на системот туку со таквата постапка ќе личев на нив, а од тоа се срамам. Не го тужев ниту пратеникот од Охрид со најкраток мандат после сите искажани навреди кон мене. Кога плаќаа текстови, кога ме влечкаа по судови,кога ми се закануваа, мотив ми беше дека моите потомци ќе се гордеат на мојата одлука да бидам против режимот, да бидам дел од револуцијата. Секоја нивна казна ја доживував како награда. Сакам да знаеш дека креветчето во кое спиеш не е најскапото, но не е купено со продажба на мојата душа. Тоа за жал беше типично во овие времиња. Сакам да знам дека никогаш нема да ме прашаш: “Зошто немаме повеќе а сме можеле”? Тоа прашање ќе го сметам за навреда. Споредувај ме со оние со кои заслужувам. Немој со продадените души.

На сите припадници на опозицијата, во оваа се* уште незавршена битка, им честитам на одважноста, на принципиелноста и на тоа што конечно ги демаскиравме. Не* чека уште поголема битка, не* чека опоравување на разрушената земја и ситем. Не* чека да го оствариме испраќањето на Никола и најважното- за крај да ги повикаме сите од ДПМНЕ да помогнат во комплетното уривање на фамилијата. Ве поканувам со нас во недела, граѓански, таму на сите ни е местото. Оваа недела нека биде над политиката. Не ми е важно за колку време ќе биде дефинитивниот крај. Но ќе биде. На почетокот не се гледаше крајот. Сега се гледа. Тоа е јасно.
Здраво Недела, збогум Никола…

Дејан Блажески-советник во општина Охрид

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска