Здравковски: Спасовски исплатил 16 милиони евра отштета на вработени во МВР

Од:

„Оливер Спасовски од позиција на министер за внатрешни работи исплатил од 2018 до 2022, од буџетот (читај наши народни пари) вкупно 1.015.610.894ден или повеќе од 16.000.000€ само по основ на тужби!“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Тој информираше дека во периодот од 2018 до 2022 година се поднесени 15.982 тужби, а усвоени се 8.046, кои доминантно се однесуваат на прекршување на правата на работниците/полицајците по разни основи и неисплатени издатоци.

„Доколку овие обврски биле навремено реализирани од работодавецот/министерот и во согласност со ЗРО и колективниот договор, државата ќе заштедела најмалку половина од овие средства, затоа што во голем дел средствата се исплатени по основ камати, адвокатски услуги, судски рочишта и административни трошоци.

И ова е еден маѓепсан круг кој никогаш не запира, ќар имаат поединци, зијан се сите даночни обврзници, но ОДГОВОРНОСТ НЕМА!!!
Овој однос на Спасовски и сите останати кои поради сопствени хирови и (не)намерни грешки исплаќаат огромни суми народни пари мора да запре!

Ова се 16.000.000€ кои би се искористиле за нови сали, игралишта, училишта, и затоа мора да има одговорност за секој еден кој не ги почитува и прекршува законите, подзаконските акти и колективните договори.
Затоа е #Важно да падне оваа ненародна власт, а овие функционери кои плаќаат нивни грешки од народни пари да сносат одговорност!“, пишува Здравковски.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата