Ако не знаеш каде по патот да продолжиш, тргни од почеток.
Добро утро Македонијо! Слободна Македонијо! Борбата мачна, противникот прљав, непокорен, безоразен, расипан, епитети малку за таков противник. Народот поделен и сега прашањето е што од тука? Нам не ни одговара држава без сплотен народ, нам не ни одговара држава без унитарност но и без луѓе со иста кауза. Една држава имаме, да си ја сочуваме.
Мачна е нашата Македонска сторија, од памтивек па и до ден денешен. Ајде да си ја кажеме вистината. Сакам да сфатиме сите, дека доста сме лажени, доста сме манипулирани. Доста сме угнетувани, да сфатиме дека ние имаме достоинство и карактер а не страв и покорност. Дојде неук кадар да не води, шарлатани и послушници, луѓе без кичма и без лице, бараа коефициент на интелегенција над 140 добија 40 и сега како да ги амнестираме? Одговорност секој да си понесе бидејќи оваа држава не беше од татко им или од мајка им, оваа држава беше од народот кој живее, плаќа и се мачи за да оваа багра во заминување не тортурира.
Авионот на Тодорофф не знам дали слета? Црвен тепих не посла инаку ќе имаше минимум 20 камери, брука невидена! Светската здравствена организација кажа дека човекот лаже. А како врв на се вакцината што ја донесе е од Бугарија со странско потекло пак сомнителни вакцини ехх бре Тодорофф. Епа граѓани мои доста ни е од вакви ликови. Новите ликови мора да бидат како по ЈУС стандард кој ќе биде валиден и квалитетен.
Нам грешки повеќе не ни требаат ниту смееме да си ги дозволиме. Да земеме пример од модерните држави, каде се знае што е квалитетно општество а и здравство, да не бидеме после пак ко шарлатаниве приучени. Системот постои за да биде сменет и обновуван. Нови сили и нови ветрови треба да ја исчистат оваа држава, без тоа не може понатаму. Овој момент е мој крик за да имаме напредица, желба за промени, желба за цврсти луѓе со кичма а не безмозочни суштества и супозитории.
Сите заеднички: Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци, Власи, Црногорци и секоја националност што постои да си каже дека е Македонец и дека живее и твори за оваа држава, унитарна и сложна и дека на секој што му треба помош слободно ќе побара и ќе му биде пружена. Ние имаме подлога за нов пат нова историја нови моменти на напредност а не уназадување што го спроведоа овие кои се во заминување.
Силата е во соединувањето а не поделеноста. Власта ќе се подели ама правилно и сложно за да не дозволиме да повторно биде руинирана од деструктивна екипа. И како за крај на приказнава мораме да направиме контрола на досега сработенето од нивна страна за да сфатиме кај се пропустите и никогаш повеќе да не се повтори нивното. Мора да знаат дека кој згрешил ЌЕ СИ ЛЕЖИ!
Тодорофф ги лажеше сите, од најмалото до најстарото. Време е да го покажеме со прст човекот поради кој не се направи ништо во здравство, а поради тој човек заминаа многу мали бебеца, граѓани, сестри, браќа и што ли уште не.Остави руина без ред и поредок,систем кој тешко и со мака ќе треба да го подигаме а воедно им пружаме рака на сите професионалци и стручњаци да ни помогнат во реставрирање на уништениот здравствен систем.
Здравствениот систем мора да биде во рацете на луѓе кои знаат што да направат со него.
Македонија нема веќе време да биде повторно лажена. Збогум за човекот кој не газеше по персиките килими во кабинетот туку лебдеше на нив. Кој високо лета ниско паѓа!
Ангелчо Андоновски