Во Скопје денеска ќе биде одбележано завршувањето на Твининг проектот „Зајакнување на административниот капацитет на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ЕУ”.
На церемонијата најавени се обраќања на вицепремиерот за европски прашања Арбер Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, раководителот на Одделот за инфраструктура, земјоделство и социјални политики во Делегацијата на Европска унија Мауро Ди Вероли, и на амбасадорите на Австрија и на Шпанија – Ренате Коблер и Рамон Абароа Каранза.
Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА со 900.000 евра, а се спроведуваше од октомври 2015 до април оваа година.