А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Завршија археолошките истражувања на населбата Гурбита, во близина на село Згрополци

by А1он17/07/2014 - 16:04150
Share0

Екипата на Народниот музеј од Велес ги заврши археолошките истражувања на локалитетот Кале/Градиште попозната како населба Гурбита, во близина на село Згрополци, што ги вршеше со финансиска поддршка од Министерството за култура од програмата за истражувања за 2014 година.

Добивај вести на вибер

Како што за МИА појасни археологот Анита Василкова Мидоска раководител на истражувањето,во текот на истражувањето се работело на два сектора: на просторот на населбата и на просторот на некрополата.

– На просторот на населбата беа откриени два станбени објекти со неколку фази на реконструирање и според движните наоди се откри дека потекнуваат од 1 до 3 век од новата ера,потенцира Василкова Мидоска.

Таа посочи дека на просторот на некрополата го истражувале просторот кој бил нападнат од таканаречените диви копачи,кои на овој локалитет вршеле илегални дејствија. Така, екипата на Народниот музеј во текот на овие истражувања на некрополата откриле неколку гробови,а кои според наодите во нив и гробните прилози припаѓаат на 2 и 3 век од новата ера.

И во двата дела од населбата Гурбита, информира Василкова Мидоска, бил пронајден богат движен наод, односно керамички садови и предмети од метал. Според неа, животот во овааа богата населба Гурбита во 3 век од нашата ера почнал да замира.

Таа вели дека во наредниот педиод ќе работи на конзервација на наодите кои понатаму сака и да ги презентира пред јавноста. Археолот Василкова Мидовска очекува да добие финансиска поддршка од Министерството за култура, а истражувањето на оваа населба да продолжи и наредното лето, а се’ со цел да се добие поцелосна слика за населбата Гурбита односно за сакралниот и секојдневен начин на живеење на жителите од оваа античка населба.

arheologija

Би можело да ве интересира

На штипскиот локалитет Пилав Тепе откриена доцноантичка некропола

А1он26/10/2021 - 15:10

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост

А1он03/09/2021 - 15:13

Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

А1он05/08/2020 - 16:47

(ВИДЕО) Заев: Светот ќе го види Стоби во полн сјај по реставрацијата

Ана Ололовска24/10/2018 - 15:5524/10/2018 - 15:55

Обука на археолози за подводни истражувања

Наум Локоски24/08/2017 - 08:25

Нов археолошки наод во близина на Виничко кале

Емир Латифовиќ06/08/2016 - 11:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен