На штипскиот локалитет Пилав Тепе откриена доцноантичка некропола

Од:

Штипските археолози го истражуваат локалитетот Пилав Тепе. Директорот на Заводот за заштита на споменици и музеј на град Штип, Митко Штерјов вели дека истражувањата се одвиваат на локацијата, каде претходно се истражуваше на експресниот пат Штип-Радовиш. Теренските активности на овој локалитет се во завршна фаза.

– Со годинeшните истражувања се откри дел од доцноантичката некропола, а според наодите се датирани во доцната антика во времето на јустинија II. Гробовите се карактеристични, бидејќи се покриени со големи монолитни блокови, вели Штерјов.

Посочи дека локалитетот Пилав Тепе е позоциониран во клисурата на Маденска река, на нејзиниот десен, односно северен брег. За прв пат во 2018 година во периодот мај-август за потребите на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш се извршија заштитни археолошки истражувања на локалитетот Пилав Тепе. Археолошките истражувања во моментов кои се одвиваат на Пилав Тепе се финансирани преку Програмата на Министерството за култура.

Во Археолошката карта локалитетот Пилав Тепе е заведен како неолитска населба и населба од вториот до четвртиот век од нашата ера. Иако во научните кругови за него се знае дека бил населен и во хеленизмот.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници