(ВИДЕО) Заев: Светот ќе го види Стоби во полн сјај по реставрацијата

Од:

Со САД ја потврдуваме заедничката заложба спомениците на светската цивилизација во нашата земја да бидат претставени на светот во нивната полна светлина, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев кој присуствуваше на завршната церемонија по повод успешната реализација на проектот „Конзервација на крстилницата од Стоби“, што се одржа во археолошки локалитет Стоби. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Соединетите американски држави, Џес Бејли, министерот за култура Асаф Адеми, како и директорот на Националната установа Стоби Спасе Перовски.

Заев во своето обраќање истакна дека археолошкиот локалитет Стоби, е сведоштво за еден жив град, за крстопат на кој се среќавале патници, трговци и граѓани на тогашните европски цивилизации, кој одушевувал со своето богатство преточено во прекрасните градби какви што биле амфитеатарот, епископските базилики, палатите на администраторите на римската империја, градскиот плоштад.

Тој нагласи дека епископската базилика заедно со крстилницата кои во стариот град Стоби го сочинуваат најзначајниот и највеличенствениот ранохристијански комплекс во Република Македонија, од денеска ќе им бидат презентирани на светот и на стручната јавност во полн сјај после реставрацијата која траеше две години и која, покрај поддршката од Министерството за култура, се реализираше и со поддршка на амбасадорскиот грант на амбасадата на САД во Република Македонија, како трет грант за локалитетот Стоби.

„Заедно со претходните 11 грантови од 2001 година наваму, поддршката од Амбасадата на САД во нашата земја, е израз на големата посветеност и грижа за поддршка за најзначајните културно-историски споменици на нашата земја какви што се црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, Шарената Џамија во Тетово, црквата Свети Спас во Скопје, мегалитската опсерваторија Кокино, Златковата Кула во Кратово – да спомнам само некои од нив – и ја докажува силната, заедничка, мотивација овие споменици на светската цивилизација да им бидат претставени на светот во нивната полна светлина“, нагласи премиерот Заев во своето обраќање на завршната церемонија по повод успешната реализација на проектот „Конзервација на крстилницата од Стоби“.

Министерот за култура во Владата, Асаф Адеми, во својот говор изрази благодарност во име на министерството за поддршката на амбасадата на САД во реализацијата на овој и на другите проекти за заштита на културно-историското наследство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Археолозите открија нов мозаик во Теодосијанската палата во Стоби, локалитетот го посети министерката Костадиновска-Стојчевска

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов