По еден час разговори, лидерите на политичките партии ја завршија средбата.
Никој не даваше изјава, наместо тоа се обратија со заедничко соопштение:
„Ние лидерите на главните политички партии денеска се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата целосна посветеност на Договорот од 2. јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29. јуни.
Ние исто така го поддржуваме транспарентното менаџирањре од страна на ЕУ со текстот на овој договор како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на владеењето на правото, кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани“.