Заврши санацијата на свлечиштето над битолското село Драгарино

Од:

Јавното претпријатие хидросистем „Стрежево“ ја заврши санацијата на т.н. зафат „Г-0“, каде е лоциран главниот канал за вода и преку кој е поврзан цевковод што испорачува вода за рударско-енергетскиот комбинат РЕК Битола.

Од ЈП „Стрежево“-Битола информираат дека санацијата се одвивала подолг период поради сложеноста на зафатот и теренот каде се наоѓа главниот канал за вода.

– Како менаџерски тим си поставивме задача санацијата да ја завршиме во август и успеавме во тоа. По една година санирано е свлечиштето над село Драгарино, поврзана е новата зафатна градба на главниот доводен канал и поврзан е цевководот за РЕК Битола. Со завршувањето на овој процес сега непречено и со максимален проток се испорачува технолошка вода до сите наши водокорисници, посочи Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

Големото свлечиште кај селото Драгарино се појави во 2015 година и тогаш предизвика големи оштетувања на главниот водоводен канал од кој со технолошка вода се снабдуваат РЕК Битола и индустриската зона на Битола, а со завршувањето на санацијата отстранети се опасностите за нов прекин во водоснабдувањето кое го врши ЈП „Стрежево“-Битола.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот