Агенцијата за патишта воведе мониторинг систем на патарините, па на тој начин во живо ќе се следи наплатата на патната такса, дали вработените се обидуваат да стават пари во џеб, кои возила поминуваат, дали има застој на патарините, јави „Канал5“.
Директорот на Агенцијата, Љупчо Ѓорѓиевски вели дека од овие камери не може да се побегне и оти ова е почеток на систем кој треба да помогне во зголемување на евидентираната наплата.
Тој најави дека до крајот на годината се очекува да биде потпишан и договорот за електронска наплата на патната такса, а за еден месец граѓаните преку Интернет ќе може да следат за метежот на наплатните станици и граничните премини.
Инаку, од почетокот на годината до јуни низ патарините поминале вкупно 13 милиони и 300 илјади возила, од патна такса собрани се вкупно 9,6 милиони евра. Споредбено со истиот период минатата година, евидентирани се 2 милиони помалку возила и приходи за 1 милион и 350 илјади евра помалку.