Политика: По тест во Македонија, па во Грција

Од:

Мнозинството српски медиуми денеска како главна вест ја соопштија одлуката на македонската влада за ослободувањето од плаќање патарина на коридорот 10 од 15 јуни до 15 август, а „Политика“ излезе со текст за „своевиден медицински туризам“ на српските државјани, со вадењето ПЦР тестови во Северна Македонија за одмор во Грција.

-Овие денови социјалните мрежи се преполни со огласи за сместување и поевтино тестирање во Северна Македонија, каде веќе се има сериозно развиено медицинскиот туризам, а акредитираните лаборотории се натпреваруваат која ќе понуди поповолна цена за ПЦР и останатите тестови, пишува „Политика“.

Цената на ПЦР тестот во Србија е 76 евра, во С Македонија тој за едно лице чини 35 евра, за две со попуст изнесува 30 евра, а постои и услуга ВИП тест кој чини 70 евра со добивање резултат за помалку од еден час, наведува „Политика“, додавајќи дека брзиот антигенски тест чини 16, а за антитела 20 евра по лице.

-Туристите од Србија кои деновиве патуваа за Грција кажуваат дека многумина отседнуваат една ноќ во Македонија за да ја соберат потребната документација…, а на интернет се наоѓаат и огласи на хотели кои нудат тестирање без одење во лабораторија. Еден од нив од Гевгелија нуди услуга ноќевање и тестирање за 40 евра, пишува „Политика“.

Во РСМ постои можност и за беспалтен тест за сите патници што патуваат во странство поради леќење и други медицински потреби, наведува весникот.

Во текстовите поврзани со Северна Македонија е и изјавата на министерката за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ дека од 1 јули цените на телефонирањето без плаќање на роаминг ќе важат исто во Србија Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија, како и дека на 1 јули за граѓаните на Србија се укинува плаќањето на роаминг во Грција.

Би можело да ве интересира

Возач физички нападнал вработен на патарина

А1он

Од патарини лани собрани 53, 2 милиони евра

Нема да се зголемуваат цените на патарините

Во земјите од Отворен Балкан во тек е тестирањето на ТАГ- електронски систем за патарина

А1он

Во Бугарија приходите од системот за патарина се над петпати повисоки од одржувањето

А1он

Битиќи: Со електронските картички за српските туристи нема да се дестимулира домашниот туризам

Ана Ололовска