А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заврши конкурсот за логото на МД „Илинден“, може да се гласа

by А1он31/12/2016 - 12:4076
Share0

Заврши конкурсот и од утре може да се гласа за предлозите за логото на македонското друштво „Илинден“ по повод 10-годишнината од неговото формирање.

Следете a1on на Instagram Instagram

На конкурсот кој друштвото го објави кон крајот на јули се бараше логото да ги одразува досегашните активности на оваа асоцијација.

-Како најадекватни се избрани трудовите на Мартин Бибовски од Скопје и господинот Петковски од Канада. Но кој од нив ќе биде избран сепак ќе одлучат нашите ценети пријатели бидејќи за предлозите ќе се гласа од 1 до 21 јануари 2017 година. Победник ќе биде оној што ќе собере најмногу лајкови на профилот на фејсбук на Македонско друштво “Илинден”-Tирана и од страна на посебна комисија, вели Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Предлогот на Бибовски, објаснува тој, е во облик на округло лого во стил на монограм, со двете бои на знамето на Македонија. Во центарот е претставен обликот на споменикот „Македониум“ во Крушево, како симбол на празникот Илинден и во преден план е истакнато „10 години“ со сонцето од Кутлеш во нулата. На рабовите е испишано името на друштвото на македонски и албански јазик.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во предлогот на Петковски, вели Ѓурѓај, во центарот е сонцето од Кутлеш, знак кој ги обединува сите Македонци каде и да се и во преден план е истакнато „10 години“. Името на друштвото е напишано на македонски јазик.

Логото ќе се користи во сите официјални документи и сите активности на Македонско друштво „Илинден” од 1 февруари 2017 до шести февруари 2018 година.

albanija

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 08:0125/10/2026 - 10:35

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 22:1124/10/2026 - 22:14

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on24/10/2026 - 16:3024/10/2026 - 22:12

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 13:23

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 20:4820/10/2026 - 20:50

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски20/10/2026 - 08:4720/10/2026 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео