Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Од:

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Во текот на вчерашниот ден при извршен претрес пред започнување на ноќна смена на работа, кај осомничениот била пронајдена наркотичната дрога, и тоа: растителна материја – марихуана во количина од 73 грама и бела прашкаста материја – кокаин во количина од 50 грама. Дрогата спакувана во форма и големина на две тениски топчиња, осомничениот ја држел кај себе, скриена во долен веш, а со цел истата да ја продаде на осудени лица во КПУ – КПД Идризово.

Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се брани од слобода, како и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци како и дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

Ова е трет случај во кој затворски полицаец е фатен во сторување на ова кривично дело. Во двата случаи станува збор за еден затворски полицаец од КПУ Затвор-Скопје правосилно осуден на казна затвор од 3 години кој беше фатен со 7,65 грама марихуана и 0,96 грама кокаин и затворски полицаец од КПУ-КПД Битола осуден на 6 месеци кај кого беа пронајдени 1,90 грама кокаин, а кој предмет е во жалбена постапка.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

ФизиоС Плус“ – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Да го спасиме Горан од карцином