Две условни и една затворска казна од шест месеци донесе Кривичниот суд по брза постапка, откако тројца од петмината во првата група на обвинети за немирите во Ѓорче Петров по убиството на матурантот Ангел, уште на првото рочиште ја признаа вината, објави Канал 5.
Двајца од обвинетите кои ја признаа вината добија условни казни, а третиот сторител добил затворска казна, бидејќи претходно бил осудуван. Сите тројца се пуштени од притвор, а за лицето кое е изречена затворска казна се гарантира со патна исправа.
Петмината се товарат за кривичното дело – учествување во толпа кое спречува службено лице во извршување на своите обврски, за што според Казнениот закон на Република Македонија следува затворска казна од 3 месеци до 3 години.