Затворот за Груевски за „мерцедесот“ стигна до Врховниот суд

Од:

Кривичниот суд во Скопје потврди дека до највисокиот суд ги доставил списите за предметот „Тенк“, во кој што на двегодишна затворска казна беше осуден експремиерот и бегалец, Никола Груевски за набавката на „мерцедесот“. Тоа значи дека Врховниот суд сега ќе може да ја разгледува жалбата на адвокатите на Груевски за вонредно преиспитување на пресудата со која што беше осуден Груевски.

„Со оглед дека со доставата конечно се создадени услови за постапување по  предметот и по претходно доставениот вонреден правен лек од страна на  одбраната на обвинетиот Н. Г. , предметот „Тенк“, заедно со списите од раздвоената постапка, веднаш се доставени на надлежно постапување во  Врховниот суд на РСМ“, информира Кривичниот суд.

Врховниот суд петти месец не можеше да одлучува по жалбата на осудениот бегалец, Никола Груевски, бидејќи списите за предметот „Тенк“, во раздвоената постапка за ексминистерката Гордана Јанкулоска беа доставени на одлучување во Апелациониот суд во Скопје. На ова реагираа адвокатите дека е оневозможено правото на жалба. Од Кривичниот суд во Скопје појаснија дека жалбата на Јанкулоска која е редовен правен лек, има приоритет пред вонредниот правен лек кој што го поднел Груевски.

За Груевски судот на барање на СЈО определи притвор во неколку од предметите кои ги застапува, меѓу кои за „Титаник“, „Траекторија“, „ТНТ“, „Талир“…

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош