Затворени сите гранични премини, се пропуштаат само камиони, дипломатски претставници и лица со посебни дозволи

Од:

АМСМ потсетува дека за македонските државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Премините се затворени и за влез на странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, по претходно добиено мислење од Главниот координативен штаб.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници