Затворени 16 предмети поднесени во Судот во Стразбур против Македонија како исполнети

Од:

Комитетот на министрите на Советот на Европа донесе Резолуција со која се затвора надзорот на 16 предмети поднесени во  Европскиот суд за човекови права против Република Македонија, поради тоа што Македонија ги исполнила обврските кон тужителите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Македонија е добар пример на земја која ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Непосредно пред летните одмори Комитетот на министрите на Советот на Европа. задолжен за следењето на извршувањето на пресудите, донесе Резолуција со која се затворени 16 предмети поднесени против Македонија.

Станува збор за предметите: Алиевски и другите (53199/08), Антониевска и другите (41050/06), Блажевски и тројца други жалители (49966/08+), Христовски и осум други жалители (46270/08+), Котеска и други (11795/06), Лутифиу и пет други жалители (7163/06+), Матица на Иселеници и Осум други жалители (11775/06), Нешиќ (2454/08), Павловиќ Латас и други и осум други жалители (5367/06), Петковска (14985/08), Петковски (43348), Ристевски и други (48556/08), Ангела Ристевска и Горан Ристевски (54344/07), Ристов и Адеми (43287/08+), Тасевска и други (3758/07), Жугиќ и 10 други жалители (3921/07).

Резолуцијата за затворање на следењето на овие случаи врз основа на известувањето од Судот дека Владата на Република Македонија и поднесувачите на тужбите постигнале  пријателски спогодби и дека спогодбите се извршени од Владата, во согласност со одредбите на Конвенцијата и нејзините протоколи.

Оваа информација ни беше потврдена и од Петар Поп Арсов – амбасадорот на Република Македонија во Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа. Имено Постојаната мисија на Република Македонија е таа која најчесто на состаноците на Комитетот за следење на пресудите е таа која ги застапува  македонските позиции како во случаите во кои има пресуди против Македонија, но и во другите предмети каде постои интерес на државата.

Извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од земјите членки на Советот на Европа е клучен елемент од системот за почитувањето на Европската конвенција за човекови права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ