Затворена истрагата за Рашковски, пред да му истече притворот се очекува обвинение

Од:

Затворена истрагата за ексгенералниот секретар во Владата, Драги Рашковски и Даниел Станчевски, сопственик на фирмата „Инвока груп“ од која биле набавувани софтвери во спорна постапка според тврдењата на Обвинителството. Обвинителката Ивана Трајчева ги анализира доказите по што ќе донесе јавно обвинителска одлука дали ќе го гони или ќе се откаже од случајот. Се очекува Трајчева да ја каже одлуката пред 14 октомври, кога му истекува куќниот притвор на Рашковски, и всушност не може повеќе да му се продолжи без поднесено обвинение.

„Осомничените лица и нивната одбрана се известени за завршена истражна постапка и во моментов тече законскиот рок за увид во доказите и предлагање на докази од страна на одбраната. По истекот на законски предвидениот рок и севкупна анализа на прибраните докази, предметниот обвинител ќе донесе јавнообвинителска одлука за што јавноста навремено ќе биде информирана“, велат кратко од Обвинителство за „А1он“.

Од идната недела, според извори на „А1он“, Рашковски уште еднаш ќе оди во Обвинителството. Тој досега веќе еднаш даде исказ пред обвинителката и се произнесе за случајот за кој се гони. Во меѓувреме, се истражуваше и од каде му се средствата на ексгенералниот секретар за гаранција од 500 илјади евра, но и за хациенда во Побожје.

Изминативе недели актуелно беше и прашањето како му е дозволено на Драги Рашковски кој е притворено лице, без полициска придружба, сам да се шета низ Аеродром. Нема информација дали и натаму се проверува дали тој го злоупотребил дозволата дадена од Кривичен суд.

Рашковски беше во притвор од месец април поради опасност од бегство и влијание на сведоци, а по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое води истрага за него. Потоа, судот одлучи тој да биде пуштен во куќен пртивор бидејќи околноста да влијае на сведоци повеќе не постоела. Тој нудеше парични гаранции кои не му беа прифатени. Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“