Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

Од:

На 15.02.2021 околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на случајот, против Н.М. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, како што се посочува, од слобода била лишена и косовската државјанка Л.М.(18), која се наоѓала во објектот, а која илегално влегла во нашата земја и непријавено престојувала на подрачјето. Таа била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

Запечатени угостителски објекти во гевгелиско, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки…

Ана Ололовска

При акциска контрола во угостителски објекти во Куманово, четири затворени, за 14 изречена глоба

Ана Ололовска

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи

Ана Ололовска

„Интермецо“ доби најблага казна – пломбирано ќе биде 10 дена, ако ја повтори журката повторно ќе го затворат

Маја Илиевска-Пачемска

Пломбирано „Интермецо“, повторно метеж и журка без дистанца

Маја Илиевска-Пачемска