Затуроска: Изјавите на Сугарески се паушални, зошто за законот за дивоградби нема јавна расправа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против законот за легализација на дивоградби кој е во собраниска процедура, но не се согласува со тоа што тој се носи по скратена постапка, без можност да се организира јавна расправа и да се слушне стручната јавност и локалните самоуправи.

Претседателката на собраниската Комисија за транспорт Лилјана Затуроска, која е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието ги оцени како паушални и несериозни обвинувањата од министерот Сугарески дека ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира донесувањето на законот со поднесувањето на повеќе од 1000 амандмани.

– Да носите еден сериозен закон по скратена постапка и да не дозволите широка јавна расправа сметам дека се недолични изјавите на министерот кој вината ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ. За законот за урбанистичко планирање беа поднесени 235 амандамни благодарение на широката јавна расправа во Собранието и сите забелешки на стручните чинители беа преформулирани, рече Затуроска.

Главната забелешка на опозицијата, како што посочи Затуроска, е тоа што во законот паушално е даден датумот заклучно со 01.11. 2019 година и што не се нудат механизами како да се спречи во иднина да не продолжува процесот на легализација.

Според опозицијата, предложениот закон е паушален, несериозен и строго наменет за, како што рече Затуроска, некои локални моќници.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски