Затруени гости на свадба во Кочанско завршија на Инфективното одделение во Штип

Од:

Пет лица од кочанското село Тркање кои биле гости на свадба се пренесени во штипската Клиничка болница. Со знаци на труење, висока температура, дијареа и повраќање завршиле на Инфективното одделение.

Според нивните кажувања, биле на свадба во Кочани и јаделе од свадбеното мени во кое имало стек, плескавици и пирошки.

Неофицијално, храната во хотелот каде биле на свадба ја дистрибуирала истата фирма која предминатиот викенд носела храна и во штипски ресторан во кој беа затруени шеснаесет лица. Кај нив беше откриена бактеријата салмонела, а тие со тешка клиничка слика биле пренесени на Инфективно.

Се очекува во текот на наредните денови надлежните служби да одговорат зошто фирма за која се претпоставува дека е виновна за труењето и натаму продолжила да доставува храна.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји