(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Од:

Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”, во кој на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Шеесет и три бели столчиња наредени во тишина на отворено со по една бела роза за спомен и отворена книга за жалост – како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години.

– 63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето – беше пораката што ги пречекаа бројните делегации, семејствата на загинатите и останатите пред Домот на културата во Кочани.

Настанот, организиран од Општина Кочани и родителите на загинатите, започна во 8:45 часот и претставува дел од централната програма за одбележување на годишнината од трагедијата.

При приемот на гости и делегации за комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025″, којшто започнува во 10:30 часот во Центарот за култура „Бели мугри”, утрово, пред овој визуелен споменик посветен на недовршените соништа на прерано починатите, отворена е и книга на жалост.

Би можело да ве интересира

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски