Заштитата на животната средина приоритет за рудникот Саса

Од:

Делегација предводена од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, престојуваше во работна посета на рудникот за олово и цинк Саса.

Генералниот директор на рудникот Олег Телној, на средбата на која присуствуваа и претставници на Управата за животна средина придружувани од градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, ги запозна присутните со најсовремените практики и стандарди кои рудникот ги применува во насока на заштита на животната средина.
– Пред гостите ги претставивме сите клучни аспекти од работата и развојот на рудникот, почнувајќи од технолошкиот процес, вложувањата во современа рударска опрема, структурата на вработените и грижата за нивната благостојба. Значењето на рудникот за просперитетот на локалната заедница и неговите континуирани активности и поддршка што ја обезбедува во областа на спортот, културата, образованието, животната средина, социјалната сфера и ранливите општествени групи е од мошне големо значење, што за нас ќе биде приоритет во наредниот период, рече Телној.

Едни од основните начела на рудникот, како што истакна Телној, се вложувањата и активностите на рудникот поврзани со грижата за здравјето и безбедноста при работа, како и заштитата на животната средина како исклучително важни сегменти во САСА.

За Министерството, беше речено, е од особено значење што рудникот во своето работење ги применува најсовремените индустриски практики и стандарди за управување меѓу кои стандардите за заштита на здравјето и безбедноста при работа, за заштита на животната средина, како и за лабораториски испитувања.

САСА е првиот рудник во земјата, кој што поседува A интегрирана еколошка дозвола.

Би можело да ве интересира

Божиновска на средба со новото раководство на Рудник „САСА

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари