Започна со работа Комисијата за импичмент на Иванов

Од:

Комисијата за импичмент на Ѓорге Иванов денеска ја почна расправата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување на неговата одговорност за одлуката за аболиција.

Членовите на Комисијата од опозицијата побараа Иванов да дојде на седницата на што се спротивставија нивните колеги од владејачкото мнозинство.

Според Рената Треневска Дескоска од СДСМ, со акциите за помилување Иванов ја продлабочил политичката криза, ја злоупотребил функцијата и прекршил неколку одредби од Уставот.

Претседателот немал правна основа да донесе помилување без да биде претходно спроведена постапка, смета Треневска Дескоска.

Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека барањето на опозицијата за импичмент на Иванов е неиздржано и негова цел е да се удри врз институцијата претседател. Според ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на претседателот Иванов е уставна и издржана.

За барањето Иванов да присуствува на седницата на Комисијата, Светлана Јакимоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема основа која им дава право да го повикаат претседателот на седницата. Тој може да испрати писмено изјаснување за постапката, вели Јакимоска.

Комисијата, која го разгледува предлогот на опозицијата покренување постапка за утврдување на одговорноста на претседателот Иванов, има рок до понеделник да подготви финален извештај што потоа треба да го образложи на пленарна седница во Собранието.

Комисијата брои 11 члена. Претседател е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група има уште пет члена, а по два члена се од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.

СДСМ реагираше дека не е соодветен бројот на членови и предлогот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ да биде претседател на Комисијата поради што поднесе тужба до Управниот суд за оспорување на Комисијата.

Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај тој ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани, да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив.

Кабинетот на Иванов вчера соопшти дека дотогаш нема пристигнато ниту едно барање за поништување на помилување од лицата чии помилувања не беа опфатени со новата одлука на претседателот.

Евентуалната одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на Иванов треба да ја донесат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски