Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско

Од:

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-ОВР-Прилеп, извршија три претреси во селото Големо Радобил, прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје – пет пушки и пронајдено и одземено едно патничко моторно возило кое претходно беше пријавено за украдено, информира преку соопштение Министерството за внатрешни работи.

– Во домот на М.М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво“, кое претходно е пријавено за украдено. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштува МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски