Запленети во Косово 800 килограми тутун шверцуван од Македонија

Од:

Полицијата на Косово запрела денеска во селото Долно Рамјане кај Витина, во близина на границата со Северна Македонија, возило комби со локални регистарски таблички, во кое пронашла и запленила околу 800 килограми тутун, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според наводите на полицијата, нејзините службеници за време на патролирање долж границата го забележале, го следеле, а подоцна и го запреле комбито кое се движело од селото Танушевци во Северна Македонија во правец на Витина.

И покрај обидот да ја избегне полициската патрола, полицијата успеала да го запре возилото во селото Долно Рамјане.

При претресот на возилото, кое го управувало 43-годишниот С. И., косовски државјанин, пронајдени се околу 800 килограми суров тутун, спакуван во 36 пакети, за кои полицијата се сомнева дека е шверцуван.

Случајот го водат полициски службеници во соработка со јавен обвинител, а возилото и пронајдената стока ќе бидат предадени на косовските царини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он