Запленети стотина нелегално-исечени борови во Штип

Од:

Боровата шума околу манастирот Света недела во Штип повторно стана цел на дивите сечачи.

Полските чувари што ги ангажираше Општина Штип пред околу два месеца за да ја спречат нелегалната сеча на боровата шума во текот на изминатото деноноќие заплениле 90 парчиња борови стебла со должина од 4 метри.

Krazba na drva Stip-2

Дел од „пленот“ е пронајден во двор на улицата „Широк Дол“, каде што требала да се изврши продажбата на боровите стебла.  За стеблата сторителите требало да добијат 6500 денари од сопственик на куќа во изградба на оваа улица.

Според информациите што ги добивме од полските чувари, сторителите на ова противзаконско дејство се лица од ромска националност, кои и од порано им биле познати на органите запрогон.

Krazba na drva Stip-3

Дали во извршувањето на ова кривично дело биле вмешани и трети лица ќе се утврдува. Она што е познато е дека против сторителите што чуварите ги фатиле при нелегалната сеча ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Кривична пријава за нелегална сеча, штета од над два милиони денари

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он