Запленета дрога во возило на МВР на албанско-црногорската граница

Од:

Дрога е запленета вчера на црногорскиот граничен премин Сукобин во автомобил со регистерски таблички од Македонија, кој се движел од правец на Албанија кон Црна Гора.

Дрогата е пронајдена во полициско возило, а како што соопшти царинската служба на Црна Гора службеници на царинска испостава во Сукобин во координација со полициската управа, заплениле дрога и спречиле шверц при контрола на автомобил со регистарски таблички од Северна Македонија. Автомобилот се движел од правецот на Албанија кон Црна Гора.

-Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици. Возилото со регистарски таблички на Република Северна Македонија се движело од правец од Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење, се наведува во соопштението.

Во согласност со протоколот за билатерална соработка, понатамошната постапка ја презела надлежната институција на Република Албанија.

Дел под медиумите во земјава вечерва јавија дека дрога е пронајдена во службено возило на МВР на албанско-црногорската граница и оти станува збор за марихуана, а во возилото биле вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, кои заминале на обука во Црна Гора и тоа со службеното возило од авто паркот на МВР.

Возилото, МВР го користело откако го добило од Агенцијата за одземен имот, а истото било запленето од Царинската управа во 2016 година во акција за сузбивање на трговија со дрога. Според дел од медиумите двајцата вработени во МВР немаат поврзаност со дрогата и не знаеле за неа.

Од МВР се уште нема официјална потврда за случајот, ниту детали за него

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он

Членови на „Балкански картел“ се уапсени во операцијата „Пајак“: Полицијата пронајде 4,5 тони кокаин

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните