Запленета дрога и уапсени уште четири лица во акцијата „Мрежа“

Од:

Министерството за внатрешни работи во рамки на акцијата „Мрежа“ во два случаи заплени одредена количина дрога наменета за улична продажба и уапси четири лица.

Како што денеска соопшти МВР, запленети се 168,84 грама марихуана, 1,14 грама амфетамин и две „џоинг“ цигари, а поднесена е и кривична пријава против П.С. (26), Т.Д.(24), П.А. (23) и Р.К. (34) поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на судија им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Завчера, кај П.С. пронајдени се 20.900 денари од продажба на марихуана која ја купил Т.Д. заради препродажба. По извршениот претрес во неговиот дом пронајдени се уште две помали пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од непозната растителна материја. По извршеното вештачење утврдено е дека се работи за марихуана со нето маса од 61,7 грама.

Претходно, на 14 овој месец, Т.Д. извршил продажба на марихуана по цена од 6.000 денари на П.А. кај кого е пронајдена и одземена дрога, а во неговиот дом пронајдени се три најлонски пакувања и едно хартиено пакување со непозната прашкаста материја скриени во кутија од цигари „родео“. При извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 94,84 грама и 1,14 грама амфетамин.

Во врска со овој случај извршен е претрес и кај Р.К. пријателка на Т.Д. кај која тој криел дел од наркотичната дрога која била наменета за улична продажба, при што пронајдени се три зипер пакувања со марихуана во количина од околу 12,03 грама и две џоинт цигари.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава