Запленет хероин на ГП „Богородица“

Од:

На граничниот премин „Богородица“ изутринава се запленети 236 грама хероин наменети за домашниот нарко пазар. Дрогата во својата облека ја пренесувал патник во автобус кој сообраќал на релација Скопје-Истанбул.  

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Царинска управа реализирал случај на недозволена трговија со хероин и оти притоа на граничниот премин Богородица се запленети околу 236 грама хероин наменет за домашниот нарко пазар.

Полицијата и царината постапиле врз основа на претходно изготвен план за преземање конкретни мерки и активности во врска со сознание за транспорт на хероин на ГП „Богородица“. Откако на влез во земјата се пријавил  автобус, сопственост на туристичка агенција кој се обраќал на редовна автобуска линија Скопје- Истанбул. Извршен е преглед на багажот и претрес врз лицето А.Б. (46) од Скопје, кој бил патник во автобусот и притоа под поставата, во внатрешниот дел од елекот што го носел на себе е пронајдено пришиено долгнавесто пакување исполнето со прашкаста материја. По извршено тестирање со прирачни тестови е утврдено дека се работи за хероин.

Според документираните сознанија од истрагата, А.Б. пред неколку дена заминал за Турција со цел да набави хероин за потребите на домашниот нарко пазар. Откако го набавил хероинот од непознато лице од Турција за непозната цена тој се обидел да го внесе во Македонија заради натамошна препродажба. Одземената прaшкаста материја хероин е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР заради натамошно вештачење. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на мало во Македонија би достигнал цена од 15.000 евра.

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Велес во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против А.Б. поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од КЗ на РМ.

Лицето е лишено од слобода и во текот на денот ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка.

Со овој случај којшто е реализиран во рамки на пошироката оперативна акција „Мрежа“ насочена за сузбивање на недозволената трговија со дроги досега кривично пријавени се околу 140 лица, а се запленети приближно 515 килограми разни видови дроги.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он