Запирање на изградбата на хотелот во Лагадин до наоѓање трајно решение

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација од Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ кои искажаа загриженост од заканата што хотелот во изградба во Лагадин ќе ја има врз заштитениот појас на Охридското Езеро.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот истакна дека е неопходно да се почитува одлуката на в.д градоначалникот и на советниците на Општина Охрид за запирање на градбата и дека во меѓувреме ќе се бара правна основа за трајно решавање на ова прашање.

-Во разговорот, во кој активно учествуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, беше речено дека во рамките на надлежностите на Министерството и на локалната самоуправа, конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање кој е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро, наведува владината прес-служба.

Претставниците на здружението „Стар Лагадин“ изразија надеж дека одлуката на в.д. градоначалникот на Општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотелот овојпат ќе биде трајна бидејќи, според нив, во донесувањето на одобрението за градба имало повеќе прекршувања на постапките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Македонија испрати лажен извештај во УНЕСКО: Државата сокри дека не е урнат хотелот во Лагадин

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Пецаков: Основот по кој го прогласувавме ништовно решението за градба на хотелот во Лагадин веќе го немаме

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов