Во паркот „Жена Борец“ по повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, беше отворен Споменикот на паднатите херои за Македонија и беше запален вечниот оган.
Пред споменикот цвеќе положија премиерот Никола Груевски, претставници од Кабинетот на претседателот на Република Македонија и на македонското Собрание, радоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.
По повод Денот на независноста денеска беше пуштена во употреба и новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство проект вреден 4,3 милиони евра е реализиран за две години.
„Големите празници се одбележуваат со големи настани. Што една генерација ќе остави зад себе е нејзин избор. Ние избравме да работиме посветено, одговорно, упорно и макотрпно, избравме да инвестираме во сите области на општеството и нашето живеење, да вложуваме за нашите граѓани. “, рече премиерот Никола Груевски пред пуштањето на новата зграда, кој додаде дека со градежните проекти во услови на криза му дава поддршка на градежништвото.
Фото: Курир.мк