Замјоделските аптеки продаваат забранети пестициди

Од:

Земјоделски аптеки продаваат забранети пестициди и семенски материјал со поминат рок, покажуваа инспекциските контроли во 147 земјоделски аптеки во државава.

Одземени се 106 килограми недозволени препарати, етрел, вајдате, ланате, галатион, бебемил. При контролите најдени се препарати со поминат рок од седум години – изјави директорот на Државниот инспекторатот Румен Стаменов.

Стаменов ја издвои земјоделската аптека „Христ лен“ од Кочани, чиј управител е Јордан Манасиевски, инаку член на Иницијативниот одбор на оризопроизводители кои организираа протест поради незадоволство од работењето на институциите.

Во оваа аптека, подвлече Стаменов, е пронајдено семе со поминат рок, пестициди без бандероли и со поминат рок, поради што е изречена парична казна, а е поднесено и барање за нејзино затворање.

Земјоделската аптека два дена беше упорно затворана и не беше недозволено да се изврши контрола каде со помош на МВР и истражен судија инспекторите влегле – појасни Стаменов.

Незаконското работење во оваа аптека, како што рече Стаменов, било откриено по анонимна пријава на бесплатната телефонска линија на 0800 11 000, информира директорот на Инспекторатот.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он

Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Жарко Настоски