Заменик-министерот Максути на примопредавањето на претседателството на СЕДМ и функцијата командант на СИБРИГ

Од:

Делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, предводена од заменик-министерот за одбрана Беким Максути, присуствуваше на примопредавањата на претседателството со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕДМ) од Турција на Грција, и на функцијата командант на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) од турскиот бригаден генерал Фарук Метин на романскиот бригаден генерал Тудорица Петраче, во Лариса Република Грција.

Заменик министерот Максути, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, во рамки на вчерашната посета остварил билатерална средба со заменик-министерот за одбрана на Република Турција, Суај Алпај, на која била потврдена посветеноста за понатамошно продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Турција.

Максути во името на Министерството за одбрана се заблагодари за несебичната и безрезервна поддршка од Турција на Македонија во контекст на нејзините аспирации за членство во евроатланското семејство.

За време на престојот, заменик-министерот Максути остварил куси средби и со неговите колеги, замениците-министри за одбрана на Грција и Бугарија при што е постигната заемна согласност за значењето на СЕДМ процесот и СИБРИГ како модели и примери за успешна соработка во регионот и пошироко, се вели во соопштението.

Делегацијата од Македонија ја сочинуваат и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, командант на Првата механизирана пешадиска бригада, како и пензионираниот бригаден генерал Здравко Поповски, кој во периодот 2011-2013 беше командант на СИБРИГ. На церемонијата присуствуваа и делегации од сите држави членки на земји на СЕДМ, претставени од Замениците министри за одбрана и замениците-началници на Генералштаб како и амбасадори, воени претставници во Република Грција и поранешни команданти на СИБРИГ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски