ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Од:

Додека министерот за одбрана Владо Мисајловски си нарачува ПР кампања по касарните во Македонија со презентација на т.н. модерни реновирани објекти, професионалните војници живеат во руинирани објекти од минатиот век и ја одржуваат хигиената во објекти кои се направени од поранешната ЈНА и се во катастрофална состојба, а цели 35 години не се реновирани и обновени од македонската армија, обвинува преседателот на Независниот синдикат професионални војници Александар Насковски.

– Пред неколку дена министерот за одбрана се пофали за реновирани објекти во касарната “Јане Сандански” во Штип , со цел да се прикаже дека нешто се реновира. Оваа негова ПР кампања следува после критиките од синдикатот за катастрофалната ситуација во Армијата со објектите и хигиената,појавата на шуга во касарната во Велес и објавата на синдикатот за стари и нечисти кебиња и перници.

Оваа кампања од страна на министерот за одбрана е со цел да ја манипулира јавноста за 35 годишната негрижа за објектите во Армијата и негрижата кон припадниците на Армијата кои работат и живеат во тие објекти 24/7 цели 365 дена во годината.

Со најголем буџет до сега во Армијата , министерот се фали со т.н. модерна инфраструктура , односно обнова на само неколку објекти во касарната “Јане Сандански” Штип, а заборава дека има уште 10 касарни и уште стотина објекти кои треба веднаш да се реновираат , а не само тие објекти каде што престојува старешинскиот кадар.

Погледнете ги објектите кои се изградени од поранешната ЈНА и од тогаш не се реновирани,а во нив престојуваат 90 % професионални војници, и не е ставена ни една шајка во овие објекти во овие 35 години.

Погледнете ја хигиената и условите за исхрана во најголемата кујна во најголемата касарна во Македонија , каде што лебарките се шетаат по лебот кој се дели на војниците.

Ова е реалноста ,а не празниот и лажен ПР на министерот за одбрана , кој ја покажува само таа страна која му одговара, затоа НИЕ како синдикат ќе ја покажеме вистинската и реална ситуација во објектите каде што престојуваат професионалните војници, вели Насковски во обраќање на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он