Заменик-министерот за информатичко општество и админситрација Александар Бајдевски, се обрати на состанокот на директори на институти и академии за јавна администрација, што се одржува во Софија, Р. Бугарија.
Заменик-министерот Бајдевски зборуваше за правото и обврската на вработените во јавната администрација за стручно усовршување. Тој ги претстави заложбите на МИОА и посветеноста за креирање на генерички обуки и обуките за административните службеници.
Во своето излагање заменик-министерот Бајдевски, ја претстави методологијата за стручно усовршување на Министерството за информатичко општество и администрација, како и делот од Стратегијата за реформа во јавната администрација со посебен акцент на делот што се однесува на важноста од континуирано учење во администрацијата со цел вработените да бидат постојано во тек со новите технологии, промени и да го надоградуваат своето знаење.
Само на овој начин ќе се постигне админситрацијата да биде сервис на граѓаните.