Заменик командант на единица во МВР спречил да се фатат напаѓачите на екипата на А1он

Од:

Заменик командант на полициска единица спречил полицаец кој бркал еден од насилниците, напаѓачи кои ја претепаа екипата на А1он, а полицаецот изготвил и службена белешка пренесува Телма.

Оваа информација телевизијата ја дознава од полициски извори, а истата е потврдена и од министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Тој кажал дека се бараат дополнителни информации за да се одлучи дали ќе се покрене дисциплинска постапка против заменик командантот на единицата која не е во униформа.

По нападот на екипата, кога полицаецот се обидел да спречи еден од нив, заменик командантот на единицата која е во состав на СВР Скопје наредил да ја прекине потерата и да се врати кај повредените. Заменик командантот на единицата беше дел и од „бомбите“ на СДСМ кои се истражуваат во СЈО.

Во еден разговор, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, екс министерката Гордана Јанкулоска му се жали на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дека овој заменик командант на изборите во Струга вперувал пиштол во глава на човек за што добила поплака и од ОБСЕ.

Тој цело време е заменик командант на единицата, а беше отворена истрага и за фалсификување на неговата средношколска диплома.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа