Заменик градоначалникот на Париз, Најдовски, во посета на Битола

Од:

Градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, оствари средба со заменик градоначалникот на францускиот главен град Париз, Кристоф Најдовски.

Најдовски по потекло е битолчанец, кој е роден и живее во Париз. Како заменик градоначалник е задолжен за мобилност и превоз во Париз. Токму организацијата на превозот и сообраќајот во градот беше тема на разговор на средбата помеѓу Петровска и Најдовски. Исто така, беа разгледани и можностите за идна соработка во повеќе области и размена на позитивните искуства од двете страни.

Кристоф Најдовски, како припадник на партија која во прв план ја има заштитата на природата, посебно се интересираше за развојот на Пелистер, особено за напредокот во еко туризмот и велосипедизмот, бидејќи Битола се повеќе е присутна на мапата на светските дестинации за еко туризам и велосипедизам.

Соговорниците постигнаа согласност за воспоставување на поголема соработка, размена на искуства во организацијата и спроведувањето на дел од активностите на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Спречен бомбашки напад пред Банка на Америка во Париз

А1он

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски