А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Замена на Словенечкиот контингент полицајци на македонско-грчката граница

by А1он22/11/2016 - 13:26114
Share0

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец денеска во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија присуствуваа на замената на Словенечкиот контингент полицајци кои на колегите од Македонија им помагаат во справувањето со бегалската криза и обезбедувањето на границата со Грција.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Република Македонија е исклучително задоволна од соработката со Словенија, особено во областа на внатрешните работи, помошта која Словенија ни ја дава во поглед на спречување на мигрантите и справување со мигрантската криза. Секако, значајно е од политички и безбедносен аспект што Словенија ги разбира проблемите со кои се соочува Македонија со мигрантите затоа што тие имаат влијание и на состојбите во Словенија како членка на ЕУ. Ние и понатаму во оваа област ќе останеме посветени на соработката со сите земји членки на ЕУ, посебно со Република Словенија, изјави Андонов.

Амбасадорот Јазбец истакна дека ова е десетти по ред полициски контингент од Словенија кој доаѓа на помош на колегите од Македонија и дека огромно е искуството што нивните полицајци го стекнале на македонско-грчката граница.

– Македонија одигра клучна улога во регулирањето, справувањето и стопирањето на мигрантската криза низ „балканскиот пат“ поради што залужува честитки, пофалби и конкретна помош во олеснување на нејзиниот пат и придружување кон евроатлантските структури. Ние ќе и ги пренесеме на Македонија нашите искуства од причина што билатералната соработка со Македонија е одлична и претставува редок пример во тој поглед. Словенија ќе продолжи да и помага на Македонија и ќе им биде пример и на другите земји како да го прават тоа, истакна Јазбец.

Следете a1on на Youtube YouTube
granicamigranti

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:57

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Горан Наумовски24/04/2026 - 11:26

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:13

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто