• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Законот за СЈО не може да стигне на Влада поради блокадата на ДУИ

by А1он26/02/2019 - 11:4126/02/2019 - 12:31302
Share0

СЈО да биде надлежно за истрагите отворени по рокот од 30 јуни 2017 година. Ова е предвидено во преодните и завршни одредби на преработениот закон за специјалното јавно обвинителство на Министерството за правда, кое поради неусогласенота од ДУИ, требало, но не бил разгледуван на синоќешната владина седница, дознава „А1он“.

Добивај вести на вибер

Оваа најнова законска верзија, пред неколку недели поминала и под лупата на меѓународни експерти кои дале согласност за законските одредби за статусот на СЈО. Предлог-законот предвидува СЈО да биде автономно, но хиерархиски подредено под државното јавно обвинителство и да се застапува самото во прв и втор степен пред судовите, а во трет степен пред Врховниот суд, тоа да го прави обвинител од ЈОРМ.

Нацрт-законот предвидува предметите кои се во фаза на судење, обвиненијата и истрагите отворени по 30 јуни 2017 година да ги застапува СЈО пред судовите. Мандатот на шефот на СЈО и на обвинителите ќе биде идентичен како и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Предистражните постапки кои ги започнало СЈО, може да ги преземе и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во согласност со надлежноста.

Мандатот на сегашните обвинители во СЈО би бил најмалку една и најмногу до 2 години. По една третина од обвинителите ќе бидат избирани етапно на една година, на година и пол и на две години, а изборот ќе го прави Советот на јавните обвинители.

Сите „желби“ на СЈО во поглед на тоа што за што да биде надлежно во законот што самите го подготвија не се усвоени. Освен за бомбите, СЈО би било надлежно за кривичното дело попречување на правдата, за дела против изборите и гласањето, за кривични дела кои ги сториле функционери преку злоупотреба на службената положба и овластување и сл.

Законот, меѓу другото, пропишува прислушуваните материјали да се користат заклучно со 15 септември 2020 година, а бомбите да се уништат една година по правосилната судска пресуда.

Според нашите сознанија, од коалицискиот партнер во власта, ДУИ, засега нема повратна инфромација дали ќе дадат согласност да помине овој закон на владина седница, иако повеќе од една недела текстот на предлог-законот е утврден и им е доставен.

За да помине предлог-законот треба „за“ да гласаат 80 пратеници, кои власта тешко дека ќе може да ги обезбеди. Една од причините поради кои ДУИ се колеба да го поддржи новиот закон за специјалното јавно обвинителство е фактот дека за лидерот на ДУИ, Али Ахмети е отворена истрага со кодно име „Попис“, како и за вицепремиерот Бујар Османи, истрагата „Пациент“. Неофицијално, дел од осумте пратеници би дале согласност за овој предлог-закон, но тоа не би било доволно без поддршка на сите осуммина.

Координаторот на ДУИ, Артан Груби рече дека ДУИ ја поддржува работата на СЈО. „Ги усогласуваме ставовите во рамките на коалицијата, но и со сите други парламентарни партии“, рече Груби. Тој вели дека предлогт имал неуставни одредби во однос на хиерархијата на СЈО, а потсети и на начелното правно мислење на Врховниот суд кој пресече дека по рокот од 18 месеци, ова обвинителство не може да отвора истраги и да покренува обвиненија.

Васко Маглешов

duisjo

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски14/01/2026 - 16:3314/01/2026 - 16:35

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он13/01/2026 - 19:41

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 14:25

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:4508/01/2026 - 10:47

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

Горан Наумовски29/12/2025 - 12:38

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Катерина Ѓуровски26/12/2025 - 08:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен